ЗА НАС
Историја на Кралските Извидници
Кралски Извидници првично се формира во 1962г. од страна на Џони Барнс во САД. Во 1981г. идејата е презентирана во Германија, а следната година е одржан првиот тренинг камп во Швајцарија. Како водач во Европа поставен е Ханс Питер Нек од Швајцарија. Денес оваа програма се користи во многу европски земји, вклучувајќи ја и Македонија.
На иницијатива од Јонатан и Валентина Влаисављевиќ од Скопје и со помош на Ендру Витман, тренер од САД, првиот состанок на одред во Македонија се одржа на 29 Ноември 1999 година во Собранието на град Скопје.
Првиот камп за обука на водачи се одржа во Мај 2000 година на планината Скопска Црна Гора под водство на Ханс Питер Нек.
Кралски Извидници, како извидничка организација се разликува од останатите по тоа што се гради врз христијански принципи, етика и морал. Таа ги учи младите извидници на многу практични и корисни работи, но и го гради нивниот карактер и морални стандарди


Значајни настани:
2001-2003: Прв национален командант, Сократ Апостоловски
Февруари 2001, Полска: Прво учество на Македонија во Евролидерска Конференција
Јули 2001, Македонија: Прв летен камп во Претор.
Јули 2003, Финска: Прво учество на Еврокамп. Учествуваа 33 деца и водачи.
Јули 2007, Норвешка: Втор Еврокамп, а учествуваа 50 деца и водачи.
Јули 2009, Албанија: Прво учество на регионален камп во Албанија.
Јули 2013, Македонија: Прв летен камп "БАЛКАНОРАМА" организиран во Македонија. Учество зедоа Извидници од неколку Балкански земји.
МИСИЈА И ВИЗИЈА
Оспособување на младите за практична примена на извидничките вештини кои би им помогнале во различни сфери од нивниот живот.
Балансиран физички, ментален, духовен и социјален растеж кај младите.
Градење на христијански систем на вредности, морал и етика со цел да ги припремиме и изградиме едно здраво општество со цврсти и силни морални стандарди и подигната еколошка свест за животната околина.
Нашето извидничко мото е:
Кралскиот извидник треба секогаш да е подготвен!
Златното правило на Кралски Извидници е:
Се што сакате луѓето вам да ви прават, правете им го и вие.
ВЕШТИНИ
Обука за работа со компас и мапа за снаоѓање во шума и простор.
Секој извидник кој членува во нашиот одред има прилика да добие тренинг за како правилно да ги употребува компасот и мапата. Оваа вештина е од исклучеителна важност кога едно лице се наоѓа надвор во природа.
Изучување на повеќе начини на врзување јажиња (правење јазли).
Јазлите се основна вештина на еден извидник. Со помош на јазлите ги подигаме и прицврстуваме камповите и шаторите кога сме на кампување во природа. Истите може да се употребат и во други ситуации.
Вештини и начини на палење оган.
Кога сме надвор во природа, далеку од извори на електрична енергија, огинот е од суштинска важност за преживување. Низ нашите обуки изучуваме како да се запали огин на брз, едноставен и пред се безбеден начин.
Правилно користење на прва помош.
Сметаме дека правилното користење на прва помош треба да биде задолжитено, не само за извидниците, туку за секоја индивидуа. Поради тоа вложуваме труд за обучување на младите со цел да бидат подготвени да пружат прва помош при незгода.
Безбедно користење на алатки и нивна заштита.
За време на извидничките средби, извидниците добиваат обука за правилно и безбедно користење на одредени алати, како на пример: мотика, пила и секира. Исто така се обидуваме да ја подигнеме свеста за екологијата. За таа цел им нудиме алатки со кои тие би допринеле за грижа на природата.
Aктивностите се изведуваат под надзор на стручни лица кои имаат поминато специјална обука и ја преземаат одговорноста да се грижат за здравјето и сигурноста на децата. Со нив има секогаш прибор за прва помош и основна медицинска опрема, како и постојана телефонска врска.
ТИМОТ

ТИМОТ
на Kралските Извидници е посветен на своите членови и одржува високи стандарди за време на часовите и камповите. Водачите имаат поминато неколку обуки за лидерство и извиднички вештини со што тие се сертифицирани за обучување и водење на извиднички одред.