MK | EN
Royal Rangers Logo

Кралски Извидници

За нас

Историја на Кралските Извидници

Кралски Извидници првично се формира во 1962г. од страна на Џони Барнс во САД. Во 1981г. идејата е презентирана во Германија, а следната година е одржан првиот тренинг камп во Швајцарија. Како водач во Европа поставен е Ханс Питер Нек од Швајцарија. Денес оваа програма се користи во многу европски земји, вклучувајќи ја и Македонија.

На иницијатива од Јонатан и Валентина Влаисављевиќ од Скопје и со помош на Ендру Витман, тренер од САД, првиот состанок на одред во Македонија се одржа на 29 Ноември 1999 година во Собранието на град Скопје.

Првиот камп за обука на водачи се одржа во Мај 2000 година на планината Скопска Црна Гора под водство на Ханс Питер Нек.

Кралски Извидници, како извидничка организација се разликува од останатите по тоа што се гради врз христијански принципи, етика и морал. Таа ги учи младите извидници на многу практични и корисни работи, но и го гради нивниот карактер и морални стандарди

Rangers dancing by the fire at night
Rangers dancing by the fire at night

Значајни настани:

  • 2001-2003: Прв национален командант, Сократ Апостоловски
  • Февруари 2001, Полска: Прво учество на Македонија во Евролидерска Конференција
  • Јули 2001, Македонија: Прв летен камп во Претор
  • Јули 2003, Финска: Прво учество на Еврокамп. Учествуваа 33 деца и водачи
  • Јули 2007, Норвешка: Втор Еврокамп, a учествуваа 50 деца и водачи
  • Јули 2009, Албанија: Прво учество на регионален камп во Албанија
  • Јули 2013, Македонија: Прв летен камп "БАЛКАНОРАМА" организиран во Македонија. Учество зедоа Извидници од неколку Балкански земји

Мисија и Визија

Оспособување на младите за практична примена на извидничките вештини кои би им помогнале во различни сфери од нивниот живот.

Балансиран физички, ментален, духовен и социјален растеж кај младите.

Градење на христијански систем на вредности, морал и етика со цел да ги припремиме и изградиме едно здраво општество со цврсти и силни морални стандарди и подигната еколошка свест за животната околина.

Нашето извидничко мото е:

Кралскиот извидник треба секогаш да е подготвен!

Златното правило на Кралски Извидници е:

Се што сакате луѓето вам да ви прават, правете им го и вие

Вештини

Ориентација

Јазли

Извиднички Оган

Прва Помош

Користење Алати

Обука за работа со компас и мапа за снаоѓање во шума и простор

Секој извидник кој членува во нашиот одред има прилика да добие тренинг за како правилно да ги употребува компасот и мапата. Оваа вештина е од исклучеителна важност кога едно лице се наоѓа надвор во природа

Сето ова е само дел од програмата на Кралски Извидници, која е многу интересна и корисна за секое момче и девојче. Но, покрај изучување на сите овие вештини, истовремено потребно е секој извидник да расте и да го гради својот карактер

Aктивностите се изведуваат под надзор на стручни лица кои имаат поминато специјална обука и ја преземаат одговорноста да се грижат за здравјето и сигурноста на децата. Со нив има секогаш прибор за прва помош и основна медицинска опрема, како и постојана телефонска врска

Тимот

Royal Rangers team
Михаил Колев

Михаил Колев

Диме Наков

Диме Наков

Андреја Стефановски

Андреја Стефановски

Sвонко Мицев

Sвонко Мицев

Ленка Петровска

Ленка Петровска

Зоран Колев

Зоран Колев

Наде Стефановска

Наде Стефановска

Трајче и Цветанка Петрови

Трајче и Цветанка Петрови

Иле Камчев

Иле Камчев

Ѓорѓи Симиќ

Ѓорѓи Симиќ

Даниел Костич

Даниел Костич

Тимот

на Kралските Извидници е посветен на своите членови и одржува високи стандарди за време на часовите и камповите. Водачите имаат поминато неколку обуки за лидерство и извиднички вештини со што тие се сертифицирани за обучување и водење на извиднички одред.

Извиднички одреди во Р. Македонија

Град:

Неготино

Диме Наков075/248-538

12

Гевгелија

Трајче Петров075/211-444

22

Скопје

Sвонко Мицев078/330-344

18

Велес

Миле Димовски078/331-396

6

Кочани

Зоран Николов078/671-699

19

Контакт

Испрати порака

Кралски Извидници

© 2023 ALL RIGHTS RESERVED